Со 250+ проекти ја докажавме нашата стручност и посветеност
За Нас
Компанија која ви служи повеќе од три децении.
Изградивме силна репутација за обезбедување на извонредно задоволство на клиентите.
Со извонредна стапка на задоволство од 98% кај клиентите, постојано ги надминуваме очекувањата, заработувајќи ја нивната доверба и лојалност.
Развој на сопствено производство
опис тука пикни
Монтажно одделение
Изработените делови со технологиите на длабоко извлекување, просекување, пробивање и виткање кои мора да се доработат за постигнување на конечниот облик и бараните димензии, како и склопувањето на производи составени од повеќе делови се одвива во монтажното одделение со што се добива финалниот производ. На одредени производи се врши и површинска заштита која опфаќа чистење, фосфатирање, пасивизација и бојадисување со течна или прашкаста боја (пулвер техника).
CNC – плазма
CNC – машина за сечење на лимови (компјутерски нумерички контролирана машина) се употребува за соодветни делови со сложени геометриски форми. Се користи за сечење на лимови со различна дебелина и големина. Машината има можност за движење по 3 оски со што се постигнува голема точност во обработката.
Изработка на алати
Најважниот дел при обработката со просекување, пробивање, виткање, а особено при длабоко извлекување е изработката на потребните алати. Алатите се изработуваат од соодветни материјали според видот на технолошката операција за одреден производ. Истите се предвидени да даваат точни мерки на деловите во бараните толеранции и долг век на траење.
Длабоко извлекување
Длабокото извлекување е посебна област во која се потребни соодветни технологии за изработка на бараните делови. Неопходно е да се предвиди технолошката постапка која може да биде составена од повеќе операции согласно сложеноста на бараниот производ. За сите операции потребно е да се изработат соодветни алати со дадени димензии и материјали кои одговараат на бараниот материјал на производот. Исто така треба да се предвиди и усогласи употребата на алатите на соодветни преси.
Заварување
Одделението за заварување располага со апарати за заварување на сите видови материјали и постапки. Електролачно заварување во слободна атмосфера (со обична електрода, електрода со обвивка, електрода со јадро итн.) Заварување во заштитна атмосфера со интертен гас (Ar), волфрамови електроди, CO2 – гас итн. Со заварување се добиваат склопови составени од повеќе елементи во цврста конструкција.