За нас

кои сме ние

Компанија која ви служи повеќе од три децении.

МЗТ Инженеринг е основана во 1984 год. во Битола, Република Македонија. Во 1998 год. започна со развој на сопствено производство, пред сé на метални отпресоци и метални елементи и склопови, по пат на длабоко извлекување и метал штанцање.

МЗТ Инженеринг е докажан добавувач на опрема во автомобилската индустрија, енергетиката, транспортна опрема и системи, градежна опрема итн, а стручњаците го вбројуваат меѓу водечките капацитети од областа на длабоко извлекување и метал штанцање во Република Македонија и на Балканот.

150+

Проекти

Со 150+ проекти ја докажавме нашата стручност и посветеност

80+

Клиенти

Изградивме силна репутација за обезбедување на извонредно задоволство на клиентите.

98%

Задоволство

Со извонредна стапка на задоволство од 98% кај клиентите, постојано ги надминуваме очекувањата, заработувајќи ја нивната доверба и лојалност.
производство

Развој на сопствено производство

Монтажно одделение

Изработените делови со технологиите на длабоко извлекување, просекување, пробивање и виткање кои мора да се доработат за постигнување на конечниот облик и бараните димензии, како и склопувањето на производи составени од повеќе делови се одвива во монтажното одделение со што се добива финалниот производ.

На одредени производи се врши и површинска заштита која опфаќа чистење, фосфатирање, пасивизација и бојадисување со течна или прашкаста боја (пулвер техника).

Изработка на алати

Најважниот дел при обработката со просекување, пробивање, виткање, а особено при длабоко извлекување е изработката на потребните алати. Алатите се изработуваат од соодветни материјали според видот на технолошката операција за одреден производ. Истите се предвидени да даваат точни мерки на деловите во бараните толеранции и долг век на траење.

CNC – плазма

CNC – машина за сечење на лимови (компјутерски нумерички контролирана машина) се употребува за соодветни делови со сложени геометриски форми. Се користи за сечење на лимови со различна дебелина и големина. Машината има можност за движење по 3 оски со што се постигнува голема точност во обработката.

Длабоко извлекување

Длабокото извлекување е посебна област во која се потребни соодветни технологии за изработка на бараните делови. Неопходно е да се предвиди технолошката постапка која може да биде составена од повеќе операции согласно сложеноста на бараниот производ. За сите операции потребно е да се изработат соодветни алати со дадени димензии и материјали кои одговараат на бараниот материјал на производот. Исто така треба да се предвиди и усогласи употребата на алатите на соодветни преси.

Заварување

Одделението за заварување располага со апарати за заварување на сите видови материјали и постапки.

  • Електролачно заварување во слободна атмосфера (со обична електрода, електрода со обвивка, електрода со јадро итн.)
  • Заварување во заштитна атмосфера со интертен гас (Ar), волфрамови електроди, CO2 – гас итн.
Со заварување се добиваат склопови составени од повеќе елементи во цврста конструкција.

постоење

Нашата историја

ВРЕМЕПЛОВ

ВРЕМЕПЛОВ

постоење

Нашата историја

1984

record

Основање

во Битола, Република Македонија.
record

1998

Производство

развој на сопствено производство: фаза 1 – Отпресоци
record

2003

Сертифицирани

во согласност со стандардите ISO
record

2010

Производство

развој на сопствено производство: фаза 2 – Ролформинг
record

2016

Производство

електрична енергија од обновливи извори
record

2023

Модернизација

Со успешна модернизација се подобрува ефикасноста и квалитетот на нашите производи
каде се наоѓаме

Нашите локации

МЗТ Инженеринг ДОО
Битола (Дирекција)

Подружница РОЛФОРМИНГ
Битола

Подружница ОТПРЕСОЦИ
Струмица